Атлантик Груп 4:3(0-0) Фабрика Карпош
Атлантик Груп: Благојче Стојановски 24” 29” 39”, Благојче Јовчевски 37”
Фабрика Карпош: Оливер Бошковски 22” 25”, Никола Шишсковски 25”
Одлично прво полувреме прикажаа екипите на Атлантик Груп и Фабрика Карпош. Двете екипи од самиот старт започнаа со високо темпо на игра, екипите со брзи акции успеваа да се закануваат кон голот на противникот, но одбраната и на двете страни беше цврста и контролирана па во почетната фаза од полувремето мрежите мируваа. И покрај извонредната игра и на двете екипи, голманите Филиповски и Јоноски вечерва беа на ниво на задачата па полувреме и двете екипи заминаа без постигнат гол.
Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош прва го отвори резултатот со погодокот на Бошковски, но екипата на Атлантик Груп имаше брз одговор па по само две минути успеа да израмни на 1-1 преку Стојановски. Екипата на Фабрика Карпош преку Шишковски успеа да дојде до повторно водство на кој му се пликлучи и Бошковски за резултат од 1-3 и предност од два погодоци. Екипата на Атлантик Груп ги консолидора своите редови и преку вториот погодок на Стојановски успеа на дојде на само еден гол негатива што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Екипата на Атлантик Груп во 37” преку одлична акција крунисана со гол во реализација на Јовчевски оствари израмнување на резултатот, 3-3. Екипата на Атлантик Груп во своите редови внесе голман-играч што се покажа како правеилен тактички потег, па така во самиот финиш од натпреварот преку Стојановски екипата на Атлантик Груп постигна гол за победа од 4-3.