
Атлантик Груп 7-7(3-2) Тиквеш
Атлантик Груп: Мирослав Тодоровски 21’ Далибор Тасевски 6’ 27’ Љупчо Павкобиќ 13’ 35’ Благојче Стојановски 18’ 37’
Тиквеш: Дамјан Петревски 19’ 31’ Делчо Кировски 30’ Марко Спироски 2’ 24’ 35’ 40’
Одличен почеток за екипата на Тиквеш во дуелот со Атлантик Груп тие од самиот старт на натпреварот успеаа да реализираат и поведат со 0-1. Екипата на Атлантик Груп по ова водство на противникот ги консолидира своите редови и се почесто се закануваше кон голот на Тиквеш а во 6та минута успеа да израмни на 1-1. Екипата на Атлантик Груп успеа да ги консолидира своите редови и успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 2-1. До крајот на полувремето двете екипи продолжија со одлична игра, па со по еден погодок на двете страни на паузата заминаа со резултат од 3-2. Во второто полувреме екипата на Атлантик Груп успеа да го зголеми резултатот и предноста на два разлика. Екипата на Тиквеш успеа да ја стопи резултатската предност на Атлантик Груп и да израмни на 5-5. До крајот на натпреварот екипите играа гол за гол и ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои. Во финишот од натпреварот екипата на Атлантик Груп имаше минимална предност од 7-6, но екипата на Тиквеш со погодок на Спироски во последната минута на натпреварот успеа да израмни на 7-7 резултат со кој завршни овој дуел.