
Атлантик Груп 12-5(5-2) Киел
Атлантик Груп: Александар Николвски 22’ Љупчо Павковиќ 3’ 39’ Благојче Стојановски 12’ 17’ 33’ Марко Вујиќ 28’ 34’ Валентино Трајковски 2’ 14’ 23’ 25’
Киел: Мартин Михајловски 20’ 25’ Роберт Дамески 9’ Трпче Сибиниски 29’ Перица Николовски 35”
Одличен почеток за екипата на Атлантик Груп во дуелот со Киел, тие уште во раната фаза на полувремето преку Трајковски успеаа да поведат со 1-0, а веќе следната минута искористија грешка на противникот за зголемување на водството. Екипата на Киел успеа во 8та минута да ја намали резултатската негатива на 2-1 со погодокот на Дамески. До крајот на полувремето екипата на Атлнатик Груп одлично ја постави одбраната и со брзи контра напади успеваше да реализира на спротивната страна ваквата игра им донесе предност од 5-2 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Киел се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но екипата на Атлантик ги затвори приодите кон својот гол и преку Расположениот Трајковски ја зголемуваше резултатската предност. Екипата на Киел не успеваше да најде против игра за денес расположените Атлантик Груп кои до крајот на натпреварот ја сочуваа предноста и славеа со резултат од 12-5.