
Аџибадем Систина 4-4(3-0.) Атлантик Груп
Аџибадем Систина: Бошковски Златко 10’ Далибор Дамјановиќ 18’ Мартин ЗИмерковски 25’ Дамјан Никодиновски 2’
Атлантик Груп: Благојче Јовчевски 25’ 26’ Благојче Стојановски 29’ Марко Вујиќ 33’
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Аџибадем Систина и Атлантик Груп, двете екипи со одлично поставена игра во добраната и брзи контра напади се закануваа кон противникот. Екипата на Аџибадем Систина прва успеа да го отвори резултатот во 2та минута преку Никодиновски, по ова рано водство екипата на Атлантик Груп го подигна темпото на игра и настапи поофанзивно во натпреварот. Ваквата отворена игра ја искористи Систина за преку брзи контра напади успее да дојде до предност од 3-0 на полувремето. Во второто полувреме се разбуди екипата на Атлантик Груп, со погодок во 25та минута на Јовчевски успеа да намали на 3-1. Ова им даде дополнителен мотив па преку Вујиќ и Стојановски успеаа да ја стопат резултатската негатива и да дојдат до израмнет резултат од 4-4 во 33та минута. Ова ја направи завршницата на овој натпревар доста интересна. Во ваквата завршница ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои и прокрај одличните шанси за реализација па на крајот ги поделија бодовите.
Играч на натпреварот: Благојче Јовчевски (Атлантик Груп)