
ВДЛ Ван Хоол 4-8(2-3) Атлантик Груп
ВДЛ Ван Хоол: Даниел Стаменковски 13′ Димче Андов 15” 34” 36”
Атлантик Груп: Далибор Тасевски 3”,Љупчо Павковиќ 5” 25”, Сашко тодоров 17”, Николче Величковиќ 27”, Мирослав Тодоровски 36” 38”, Горан Огњановски 40”
Дуелот помеѓу екипите на ВДЛ Ван Хоол и Атлантик груп започна со брз фудбал и офанзивна игра и на двете страни. Прва да погодок дојде екипата на Атлантик груп уште во раната фаза на натпреварот со гол во реализација на Тасевски 3” на кого за неполни две минути му се приклучи соиграчот Павковиќ 5” со што Атлантик Груп практично дојде до водство од 0-2. Во тие моменти екипата на ВДЛ Ван Хоол ги консолидира своите редови и почна да ја игра својата препознатлива игра, со висок пресинг и притисок во предно поле. Сето ова вроди со плод во 13” и 15” ког дуото Стаменковски-Андов со по еден гол успеаа да го израмнат резултатот на 2-2. До крајот на првото полувреме Тодоров кај Атлантик груп успа да постигне гол за водство и со тоа Атлантик груп замина на полувремето со предност од еден гол при резултат 2-3.
Екипата на Атлантик Груп продолжи со одличната игра уште од самиот старт на второто полувреме. Играјќи брза и контролирана офанзивна игра, успешно доаѓаше до позиција за шут кон противничкиот гол и така до 27” поведе со резултат од 2-5. Потоа следеше една офанзивна игра од страна на ВДЛ Ван Хоол во со два реализирани погодоци од страна на Андов, ВДЛ Ван Хоол успеа да дојде до резултат 4-5 односно само еде гол негатива. Но екипата на Атлантик груп остана присебна, не дозволи изненадувања, продолжи со одличната игра и на крајот од натпреварот славеше со резултат 4-8.