ЕЛЕМ 4-6(0-2) Атлантик Груп
ЕЛЕМ: Ледрон Катриу 24” 33” 39”, Тихомир Груевски 40”
Атлантик Груп: Далибор Тасевски 3” 36”, Љупчо Павковиќ 17” 23”, Благојче Стојановски 23”, Горан Огњановски 40”
Цврсто порво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и Атлантик Груп. И на двете страни се играше агресивно во одбраната на ивица на фаул, па од тука и двете екипи тешко доаѓаа до отворена шанса за гол. Екипите имаа одлилчна поставеност во одбраната. Атлантик Груп успеа да го изненади голмано на ЕЛЕМ во 3” преку Тасевски кој постигна гол за 0-1. Се играше егал натпревар се до 17” кога Атлантик Груп преку Павковиќ поведе со 0-2, резултат со кој се отиде на полувремето. Во второто полувреме кај екипата на ЕЛЕм проработе Кадриу кој успеа да го врати ЕЛЕм на само два гола негатива, но во самиот финиш екипата на Атлантик Груп потпирајќи се на своето искуство, покажа карактер, и рутинирано успеа да го добие овој натпревар со 4-6.