Аџибадем Систина во скратен состав загуби во дуелот со Лукоил

Аџибадем Систина 1-9(1-7) Лукоил

Аџибадем Систина: Никола Трајковски 5’
Лукоил: Горан Стојанов 4’ 9’ 12’ Иван Стојчев 1’ 6’ 10’ 28’ Никола Јовановски 35’ Петар Лефков 11’

Дербито на колото помеѓу прво пласираниот Лукоил и второ пласираната Аџибадем Систина започна во знакот на Лукоил кој во 10та секунда од натпреварот успеа да постигне гол. Екипата на Систина во овој натпревар влезе значително ослабена практично без половина состав со ваквиот ростер без играч во ротација не можеа да го пратат темпото кое го наметна екипата на Лукоил. Екипата на Лукоил со чести измени наметна висок ритам и игра која за екипата на Лукоил е препознатлива. Во ваквата поставеност екипата на Лукоил успеа на полувремето да замине со високи 1-7. Во второто полувреме и на двете страни се продолжи во ист ритам екипата на Лукоил продолжи со офанзивната игра не давајќи и на екипата на Аџибадем Систина резултатски да се приближи. Лукоил играше долги напади, беше сконцентриран како во делот на нападот така и во делот на одбраната што на крајот резултираше со висока победа од 1-9.