Аџибадем Систина под водство на Алoмеровиќ до победа над Макстил

Аџибадем Систина 2-1(0-0) Макстил

Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 23’ 26’
Макстил: Бојковски Бобан 38’

Екипите на Аџибадем Систина и Макстил во висок ритам и одлична игра го отворија четиринаесеттото коло од Бизнис Лигата на Македонија. Екипите играа цврсто на средината на теренот и својата шанса ја чекаа на грешка на противникот, но екипите одлично ја поставија одбраната па од таму и малкуте шанси за погодок. Како одминуваше времето темпото на игра се зголемуваше и екипите се почесто доаѓаа до шанса за реализација, но голманите беа на ниво на задачата па во ова прво полувреме мрежите мируваа. Во втората половина од натпреварот кај екипата на Аџибадем Систина блесна Кристијан Димковски кој со удар од далечина успеа да го изненади протиничкиот голман и во 23та минута успеа да донесе водство на својата екипа од 1-0. Само неколку минути подоцна Димковски со втор погодок зголеми на 2-0, оваа негатива ја примора екипата на Макстил да го подигне темпото на игра и се почесто да се заканува кон голот на противникот. Во финишот на натпреварот екипата на Аџибадем Систина по груб старт остана со играч помалце што на Макстил им даде шанса да ја намали негативата преку Бојковски само две минути пред крајот на натпреварот ова ја направи завршницата во овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Систина успеа да ја сочува предноста и да слави на крајот со 2-1.