
Аџибадем Систина 2-1 (0-1) НЛБ Банка
Аџибадем Систина: Златко Бошковски 24’, Игор Ѓорѓиевски 39’
НЛБ Банка: Пеце Даиловски 4’
Одличен почеток имаше екипата на НЛБ Банка во дуелот со Аџибадем Систина. Преку Пеце Даиловски, уште во раната фаза од натпреварот успеа да го отвори резултатот и во 4. минута да поведе со 0-1. Како одминуваше времето, двете екипи сè почесто создаваа изгледни шанси за погодок, но голманите беа на висина на задачата и не дозволуваа лесно да се затресат нивните мрежи. Аџибадем Систина се обидуваше да стигне до израмнување, но НЛБ Банка успешно ја одржуваше предноста, па на паузата замина со минимално водство од 0-1. Во второто полувреме Аџибадем Систина продолжи со офанзивниот пристап, а притисокот вроди со плод во 24. минута, кога Златко Бошковски погоди за израмнување на 1-1. Израмнетиот резултат донесе дополнителна неизвесност, а двете екипи продолжија со динамична игра, обидувајќи се преку брзи напади и контранапади да стигнат до целосен резултатски пресврт. Кога се чинеше дека натпреварот ќе влезе во неизвесна завршница, Аџибадем Систина во 39. минута успеа да го зададе решавачкиот удар. Игор Ѓорѓиевски ја затресе мрежата на НЛБ Банка и донесе водство од 2-1. Во обид да стигне до израмнување, НЛБ Банка во финишот се обиде со игра голман-играч, но Аџибадем Систина успешно го одбрани водството и заслужено славеше со 2-1.
Играч на натпреварот: Златко Бошковски (Аџибадем Систина)