
Аџибадем Систина 9-5 (5-3) Македонија Осигурување
Аџибадем Систина: Влатко Јовановски 27’, Кристијан Димковски 11’, 33’, 39’, 40’, Ивица Петровски 12’, 15’, Златко Бошковски 1’, 2’
Македонија Осигурување: Ангел Шојлев 6’, Глигорчо Алексов 30’, Кристијан Коцев 19’, Филип Манчевски 31’, Бојан Ристовски 4’
Одличен почеток имаше екипата на Аџибадем Систина во дуелот со Македонија Осигурување. Уште во раната фаза од натпреварот, Златко Бошковски со два брзи погодоци, во 1. и 2. минута, донесе предност од 2-0. По почетниот шок, Македонија Осигурување ги консолидираше своите редови и преку Бојан Ристовски и Ангел Шојлев успеа да израмни на 2-2, враќајќи ја неизвесноста во натпреварот. Македонија Осигурување продолжи со притисокот кон противничкиот гол и сè почесто создаваше шанси, но Аџибадем Систина со брзи контранапади повторно ја презеде предноста. Кристијан Димковски во 11. минута погоди за 3-2, а Ивица Петровски само една минута подоцна ја зголеми предноста на 4-2. До крајот на првото полувреме двете екипи постигнаа по уште еден погодок, па на паузата Аџибадем Систина замина со водство од 5-3.
Во второто полувреме Македонија Осигурување успеа да ја искористи предноста од играч повеќе и да ја намали негативата на само еден гол, при резултат 6-5. Сепак, Аџибадем Систина не дозволи целосен резултатски пресврт. Кристијан Димковски повторно ја презеде одговорноста и со своите погодоци во завршницата помогна предноста да се зголеми и да се задржи до самиот крај. Аџибадем Систина на крајот заслужено славеше со убедливи 9-5.
Играч на натпреварот: Кристијан Димковски (Аџибадем Систина)