Аџибадем Систина со сигурна игра до победа над ЕЛЕМ

Аџибадем Систина 5-2(2-0) ЕЛЕМ

Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 39’ Далибор Дамјановиќ 39’ Златко Бошковски 30’ Мирослав Неделковски 6’ 20’
ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 36’ Златко Станковски 40’

Мирно прво полувреме одиграа екипите на Аџибадем Систина и ЕЛЕМ, двете екипи влегоа претпазливо во овој натпревар. Во 6та минута од натпреварот екипата на Аџибадем Систина успеа да искористи кикс во одбраната на ЕЛЕМ и да го отвори резултатот за водство од 1-0. По оваа негатива екипата на ЕЛЕМ се префрли на рпотивничко поле и вршеше притисок со цел да дојде до израмнување но екипата на Систина одлично ја постави својата одбрана не дозволи изненадување и во последните минути од полувремето го зголеми водството со погодокот на Неделковски за 2-0. Во второто полувреме двете екипи го подигнаа темпото на игра па почнаа да се редат шанси за погодок на двете страни. Екипата на Систина во 30та минута успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 3-0. Неколку минути подоцна екипата на ЕЛЕМ одговори со погодок во 36та минута и го намали водството на 3-1. До крајот на натпреварот екипата на Систина имаше целосна контрола врз играта па го доби овој натпревар со 5-2.