Аџибаден Систина со тимска игра во второто полувреме го совлада Тиквеш

Тиквеш 4-6(3-3) Аџибаден Систина

Тиквеш: Иле Пауновски 6”, Љупчо Блажевски 12”, Деко марков 17, Лазар Христов 40”
Аџибаден Систина: Диме Стевковски 3”, Игор Ѓорѓиевски 13” 25”, Кристијан Димковски 16” 32”, Златко Бошковски 32”

Одличен старт на натпреварот имаа екипите на Тиквеш и Аџибаден Систина во меѓусебниот дуел. Уште на самиот старт и двете екипи настапија максимално мотивирано, играјќи брз и отворен фудбал со акцент на играта во предно поле. Во ваката игра, натпреварот го отвори екипата на Аџибаден Систина во 3” преку Стевковски кој со гол и донесе водство на Аџибаден Систина од 0-1. Во продолжение и двете екипи продолжија со одличната игра, при што Тиквеш во 6” преку Пауновски возвратисо гол за израмнување и резултат 1-1. Притисокот во предно поле кое Тиквеш го наметна вроди повторно со плод во 12” преку голот на Блажевски со кој Тиквеш дојде до водство од 2-1, но за неполна минута Ѓотѓиевски кај Аџибаден Систина израмни на 2-2. До крајот на првото полувреме и двете екипи разменија уште по еден гол, и на полувремето заминаа со израмнет резултат 3-3.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам, играјќи егал фудбал се до 25-та минута. Во тие моменти Ѓорѓиевски кај Аџибаден Систина искористи грешка во одбраната на Тиквеш и со маестрален погодок му донесе водство на својот тим од 3-4. Во средината на второто пполувреме кај Аџибаден Систина проработе дуото Димковски – Бошковски кои буквално во иста минута постигнаа два гола со што успеаа да ја резултатски да ја оддалечат Аџибаден Систина од Тиквеш при резултат 3-6. Екипата на Тиквеш борбено играше буквално до последната секунда постигнувајќи гол преку Христов, но тоа не беше доволно за пресврт, па Аџибаден Систина славеше со конешен резултат 4-6.