Бизнис Лига на Македонија пролетен дел

Почитувани,

По паузата помеѓу есенскиот и пролетниот дел, повторно се враќаме на фудбалските терени.

Бизнис Лига на Македонија ве известува дека заостанатите натпревари ќе се одиграат пред почетокот на пролетниот дел.
Натпреварите ќе се одиграат во четири натпреварувачки дена, во период од 19:00 до 21:00 часот, со почеток во понеделник, 16 февруари.

Распоредот на заостанатите натпревари е поставен во последната колона од есенскиот дел, на следниот линк:

Натпревари Есенски Дел

Веднаш по завршувањето на заостанатите натпревари започнува пролетниот дел, за кој распоредот е поставен на следниот линк:

Натпревари Пролетен Дел

Бизнис Лига на Македонија ви посакува успешен пролетен дел и истиот да помине во духот на фер-плејот, што е воедно и мотото на самата лига.
Тука сме пред сè за спорт, забава и рекреација.

Со почит,
Бизнис Лига на Македонија