Боневски со четири погодоци го водеше Матрикс до победа над LC Waikiki

Матрикс 8-4(6-2) LC Waikiki

Матрикс: Даниел Боневски 15’ 16’ 17’ 39’ Драган Брњарчевски 6’ 8’ Дарко Ацковиќ 32’ Даниел Крстевски 7’
LC Waikiki: Енгин Алими 18’ 34’ Мустафа Мустафа 12’ Муаз Салихи 36’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и LC Waikiki, екипата на Матрикс прва го отвори резултатот во 6та минута со погодокот на Брњарчевски. Овој добар почеток им даде дополнителна мотивација на екипата на Матрикс кои со одлична реализација дојдоа до предност од 3-0. Екипата на LC Waikiki успеа да ја намали разликата на 3-1 со погодокот на Мустафа,но Матрикс беше сигурна во нападот и одлична во одбраната па до полувремето стекна предност од 6-2. Во второто полувреме екипата на LC Waikiki имаше подобра реализација и успеа да ја намали резултатската негатива. Сепак екипата на Матрикс имаше одлична игра во делот на нападот и одлична реализација. Екипата на Матрикс во својот состав го имаше Боневски кој со 4 погодоци ја предводеше екипата на Матрикс до победа од 8-4.