
Тиквеш 8-10(2-4) Матрикс
Тиквеш: Делчо Кировски 4’ 30’ 33’ 38’ Деко Марков 6’ 23’ 28’ 34’
Матрикс: Драган Брњарчевски 22’ 24’ 32’ 36’ 40’ Даниел Боневски 17’ 37’ Даниел Крстевски 11’ 14’ 16’
Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на Тиквеш и Матрикс, двете екипи од самиот старт на полувремето настапија со офанзивна и отворена игра. Екипата на Тиквеш успеа да отвори преку Кировски а само две минути подоцна успеа да зголеми преку Марков на 2-0. Ова рано водство ја примора екипата на Матрикс да ги консолидидира своите редови и со три погодоци на Крстевски успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 2-3. До крајот на полувремето екипата на Матрикс успеа да ја сочува и зголеми предноста на 2-4 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Матрикс успеа да ја зголеми предноста и преку брзи контра напади често се закануваше кон голот на протиникот, ваквата игра им донесе предност од 3-6 до 24та минута. Екипата на Тиквеш успеа да ја намали резултатската разлика и да дојде до израмнување на резултатот на 7-7 до 33та минута што ја направи завршницата вистинска драма. Во ваквата завршница екипата на Матрикс имаше подобра реализација па на крајот од овој дуел славеа со 8-10.