Валентино Трајковски со хет-трик го водеше Ван Хоол до победа во дуелот со Халк Банка

Халк Банка 2-7(1-3) Ван Хоол

Халк Банка: Алпер Тахир 15” 28”
Ван Хоол: Даниел Стаменковски 4”, Валентино Трајковски 5” 8” 24”, Стефан Станоојковиќ 34”, Гоце Андев 29”, Александар Наумовски 35”

Во динамично темпо започна дуелот помеѓу екипите на Халк Банка и Ван Хоол. И двете екипи настапија мошне мотивирано упте од самиот старт, ставајќи акцент на брзата и креативна игра во предно поле. Во ваквата игра, прва до погодок дојде екипата на Ван Хоол во раната фаза од натпреварот со погодок во реализација на Стаменковски 4”. Ван Хоол продолжи со одличната игра во нападот па до средината на првото полувреме успеа резултатски да се одвои од екипата на Халк Банка со водство од 0-3. Брзите контра напади и креативни вкрстувања не недостасуваа во играта на Халк Банка, но истото неможе да се каже и за реализацијата која во првата половина од првото полувреме не им појде од рака. По одлично изработен контра напад, во 15” екипата на Халк Банка со маестрален гол во реализација на Тахир за резултат од 1-3, успеа да ја намали предноста на Ван Хоол и да се доближи на само два негатива, резултат со ко јсе отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Халк Банка се обидуваше да најде систем на игра со кој ќе го намали водството на Ван Хоол стекнато во првото полувреме. Ван Хоол во своите редови го имаше искусниот Гоце Андев кој даде стабилност во играта, координирајки ги сите на теренот. Со ваква поставеност на двете страни екипата на Ван Хоол не дозволи Халк Банка да се наметне па на крајот го доби овој дуел со резултат 2-7.