
А1 2-8(2-2) Ван Хоол
А1: Давид Бачовски 6”, Стефан Петровски 19”
Ван Хоол: Александар Наумовски 9”, Стефан Станојковиќ 10”, Валентино Трајковски 22” 23” 39” 40”, Даниел Стаменковски 27” 32”
Во брз и отворен фудбал започна натпреварот помеѓу екипите на А1 и Ван Хоол. И двете екипи настапија максимално мотивирани уште од самиот старт, играјќи цврста одбрана се обидуваа да ја пресечат секоја акција на противникот, како би можеле да изградат контра напад и да дојдат до отворена шанса а гол. Во ваквата игра прва до гол дојде екипата на A1 во 6” преку Бачовски. Екипата на Ван Хоол потпирајќи се на своето искуство брзо ја консолидира својата игра, и до средината на првото полувреме со два гола во реализација на дуото Наумовски – Станојковиќ направи пресврт и дојде до водство од 1-2. До крајот на првото полувреме и двете екипи играа израмнет фудбал во кој успешни ги затвораа приодите кон сопствениот гол. Во завршницата од првото полувреме екипата на А1 искористи контра напад и со гол во реализација на Петровски 19” дојде до израмнување на 2-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Ван Хоол ја заигра својата препознатлива игра, и со акцент на играта во предно поле, проследено со одлична реализација, воспостави контрола на играта и го диктираше темпото. Екипата на А1 се обидуваше со чести замени од клупата да игра пресинг по целиот терен, но не успеа да најде соодвена против игра за вечерва расположениот Ван Хоол. Во ваквата игра екипата на Ван Хоол од минута на минута го зголемуваше водството кое на крајот изнесуваше 2-8.