Ван Хоол со одлично второ полувреме до победа над А1

А1 1-4(1-0) Ван Хоол

А1: Иле Никодиноски 8’
Ван Хоол: Ненад Саздовски 33’ Филип Белчовски 22’ Дарко Стојановски 21’ Боше Петровски 25’

Натпреварот помеѓу А1 и Ван Хоол започна со високо темпо на игра каде двете екипи играа брз и отворен фудбал. Прва до водство дојде екипата на А1 во 8та минута преку одличен погодок на Никодиноски кој стрелаше за 1-0. По ова водство на А1 екипата на Ван Хоол притисна кон противничкиот гол со цел да дојде до израмнување, сепак до паузата екипата на А1 не попушти во одбраната и го задржи водството. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол продолжи со постојан притисок кон голот на А1 па во 21та минута успеа да дојде до израмнување со погодокот на Стојановски , а само минута подоцна и до тотален пресврт со погодокот на Белчовски. До крајот на натпреварот екипата на Ван Хоол искористи повеќе од свите шанси па заслужено го доби овој натпревар со 1-4.