Ван Хоол со одлично прво полувреме до сигурна победа над ЕЛЕМ

Ван Хоол 6-1(4-0) ЕЛЕМ

Ван Хоол: Игор Минов 11’ 32’ 40’ Филип Белчовски 5’ 20’ Христијан Павловски 19’
ЕЛЕМ: Александар Бокан 36’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Ван Хоол и ЕЛЕМ, уште на самиот почеток екипата на Ван Хоол наметна високо темпо на игра што и донесе погодок во 5та минута за водство од 1-0. Екипата на ЕЛЕМ со “скратена склупа” без многу можност за ротации даде максимум со цел да дојде до израмнување, но екипата на Ван Хоол не остави многу простор за игра па со уште еден погодок во 11та минута успеа да дојде до водство од 2-0. Во завршницата на полувремето екипата на Ван Хоол успеа да постигне уште два погодоци и на полувреме да замине со солидна предност од 4-0. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ продолжи со притисок кон голот на Ван Хоол, но екипата на Ван Хоол го затвори пристапот кон својот гол и не и дозволи на екипата на ЕЛЕМ резултатски да се приближи. Екипата на Ван Хоол го доби овој натпревар со сигурна предност од 6-1.