Ван Хоол со пресврт во второто полувреме до победа над ЕЛЕМ

Ван Хоол 5-1(0-1) ЕЛЕМ

Ван Хоол: Дарко Ангеловски 35’ Даниел Стаменковски 24’ 37’ Стефан Станојковиќ 23’ Антони Петровски 21’
ЕЛЕМ: Нерим Мустафи 7’

Натпреварот помеѓу екипите на Ван Хоол и ЕЛЕМ започна со цврста игра и фокус ставен на одбраната. Двете екипи играа претпазливо и својата шанса ја бараа на грешка на противникот. Екипата на ЕЛЕМ го отвори резултатот во 7та минута од полувремето со погодокот на Нерим Мустафи, ова ја примора екипата на Ван Хоол да притисне кон противничкиот гол. Екипата на ЕЛЕМ ја зацврсти играта во одбраната и ги затвори пристапите до својот гол па до полувремето ја одржа предноста од еден гол. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол комплетно ја промени играта, и уште на самиот старт на второто полувреме успеа да израмни на 1-1. Ова им даде мотив за по само две минути успеа да дојде до целосен резултатски пресврт, екипата на ЕЛЕМ се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но имаше слаба реализација. До крајот на натпреварот екипата на Ван Хоол ја имаше контролата врз резултатот и од минута во минута го зголемуваше водството за конечна победа од 5-1.