
Ван Хоол 8-5(6-4) Аџибадем Систина
Ван Хоол: Валентино Трајковски 6” 15”, Стефан Станојковиќ 7”, Иван Вукановски 8”, Александар Наумовски 10”, Александар Блажевски 16”, Даниел Стаменковски 29” 31”
Аџибадем Систина: Кристијан Димовски 4” 12” 14”, Петар Мирковски 19”, Мартин Зимеровски 28”
Натрепварот помеѓу екипите на Ван Хоол и Аџибадем Систина започна во брз и отворен фудбал. И двете екипи настапија максимално мотивирани уште од самиот старт, играјќи фудбал со акцент на нападот, се обидуваа преку брзи проигрувања да создадат изгледни шанси за гол. Во ваквата игра резултатот го отвори екипата на Аџибадем Систина со гол во реализација на Димовски 4”. Воо неполни две минути игра Трајковски 6” кај Ван Хоол со соло акција и одлична реализација израмни на 1-1. Во овие моменти кај Ван Холл проработе нападот и до средината на првото полувреме со три дополнителни последувателни гола, Ван Хоол стигна до предност од 4-1. Аџибадем Систина не дозволи да подпадне под налетот на Ван Хоол, ја консолидира својата игра во задните редови, и со два последувателни гола во реализација повторно на Димовски до 14” стигна до само гол негатива при резултат 3-4. Но Ван Хоол продолжи со притисок во предно поле во кое не изостана реализацијата па до 16” стигна до воојно водство од 6-3. Во последната минута од првото пполувреме Мирковски кај Аџибадем Систина намали на 6-4, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи започнаа со нешто по затворена игра, во која акцент беше ставен на играта во задните редови, па така и двете екипи тешко се поставуваа во ситуација за отворен шут кон противничкиот гол. Немаше промена на резултатот речиси цела прва половина од второто полувреме, но во 28” тоа се промени кога Зимеровски кај Аџибадем Систина постигна гол со што ја приближи својата екипа на само еден негатива при резултат 6-5. Во тие моменти кај Ван Хоол проработе Стаменковски кои со два последувателни гола го згоелми водството на на својата екипа на 8-5. Ван Хоол играше присебно до крајот на натпреварот, го зачува водството и на крајот прослави победа.