Ван Хоол ја искористи кратката клупа на МРТ

Ван Хоол 11-2(4-1) МРТ

Ван Хоол: Стефан Станојковиќ 3”, Даниел Стаменковски 16” 17” 24”, Александар Наумовски 18”, Валентино Трајковски 28” 29” 31” 35” 36”, Дарко Стојановски 39”
МРТ: Тони Ристoвски 7”, Дарко Митковски 29”

Дуелот помеѓу екипите на Ван Хоол и МРТ започна во духот на фер-плејот. И двете екипи играа егал израмнет натпревар се до 16” кога екипата на Ван Хоол ја искористи кратката клупа на МРТ и со чести ротации успеа да одржи висок ритам на игра кој МРТ неможеше да го прати па на полувремето екипата на Ван Хоол замина со предност од 4-1.
Во второто полувреме екипата на Ван Хоол продолжи со иста игра. МРТ беше кратка за играч во ротацијата па од минута во минута не можеше да го прати ритамот. Ван Хоол имаше одлична реализација која резултираше со висока предност и победа на овој натпревар со резултат 11-2.