ТАВ 5-7(1-3) ВДЛ Ван Хоол
ТАВ: Алексо Новевски 34’ Јованче Видински 27’ Сеат Демири 7’ 21’ 32’
ВДЛ Ван Хоол: Филип Никодиновски 22’ Стефан Станојковиќ 25’ Александар Наумовски 14’ Валентино 2’ 15’ 24’ 31’
Одлично прво полувреме одиграа екипите на ТАВ и ВДЛ Ван Хоол, екипата на Ван Хоол прва го отвори резултатот со погодокот на Трајковски во 2та минута. Екипата на ТАВ имаше брз одговор па преку Демири успеа да израмни на 1-1. Екипата на Ван Хоол продолжи со цврста игра и брзи контра напади што им донесе предност во 14та минута со погодокот на Наумовски. До крајот на полувремето екипата на Ван Хоол преку денес расположениот Трајковски успеа да ја зголеми разликата и на полувремето да замине со предност од 1-3. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол имаше одлична серија на погодоци и успеа да направи солидна предност од 3-7 до 31та минута. Екипата на ТАВ ги консолидира своите редови и успеа да ја стопи предноста на Ван Хоол и да дојде до само 2 негатива што ја направи завршницата доста интересна. Во ваквата завршница со брзо темпо екипата на Ван Хоол успеа да го издржи притисокот и на крајот од овој дуел славеше со 5-7.