ВДЛ Ван Хоол 7-0(3-0) Окта
ВДЛ Ван Хоол: Александар Наумовски 2” 26”, Валентино Трајковски 4” 31”, Даниел Стаменковски 10” 27”, Живе Ѓорѓиевски 32”
Екипата на ВДЛ Ван Хоол одлично го отвори дуелот со Окта и уште во раната фаза од натпреварот, во втората минута успее да поведе со гол во реализација на Наумовски за предност од 1-0. По неполни две минути игра Трајковски со одлично изработена акција успеа да му се предружи на соиграчот Наумовски и со гол во 4” минута му донесе водство на ВДЛ Ван Хоол од 2-0. Екипата на Окта со чести измени се обидуваше да фати приклучок во овој натпревар како би можела да го смени текот на истиот, но ВДЛ Ван Хоол имаше одлична поставеност, пред се во делот на нападот, па така Стаменковски во 10” успеа да го зголеми водството на 3-0, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на ВДЛ Ван Хоол продолжи да игра во ист ритам. Окта се обидуваше да наметне своја игра но ВДЛ Ван Хоол не дозволи изненадување, продолжи со одличната реализација и од минута во минута го зголемуваше водството кое на крајот од овој натпревар изнесуваше високи 7-0.