ВДЛ Ван Хоол со подобра реализација до победа над ЈСП

ВДЛ Ван Хоол 7-1(2-0) ЈСП

ВДЛ Ван Хоол: Даниел Стаменковски 23’ 24’ Димче Андов 17’ 20’ 29’ Филип Никодиновски 38’ Живе Ѓорѓиевски 28’
ЈСП: Тихо Фидановски 31’

Екипите на ВДЛ Ван Хоол и ЈСП од самиот старт на антпреварот влегоа со офанзивна игра, двете екипи со брзи напади се обидуваа да дојдат до прво водство во натпреварот. Се играше исклучтелно израмнет натпревар, кај двете екипи одбраната и голманите беа на високо ниво и не дозволуваа лесни погодоци. Во втората половина од полувремето екипата на ВДЛ Ван Хоол успеа да ја скрши одбраната на ЈСП и преку Андов во 17та минута да поведе со 1-0. До крајот на полувремето екипата на ЈСП се почесто се закануваше кон голот на противникот но ваквата отворена игра ВДЛ Ван Хоол ја искористи за преку брз контра напад го зголеми водството на 2-0 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на ВДЛ Ван Хоол успеа да ја скрши одбраната на ЈСП и од минута во минута да ја зголемува предноста, екипата на ЈСП преку Фидановски успеа да ја намали негативата но екипата на ВДЛ Ван Хоол имаше своја вечер па на крајот од овој натпревар славеше со убедливи 7-1.