ЕВН 5-6(2-5) ВДЛ Ван Хоол
ЕВН: Дарко Стоилевски 28’ Вилијам Митев 11’ Ајет Новобрдалија 10’ Хамза Јашари 40’ 40
ВДЛ Ван Хоол: Даниел Стаменковски 18’ 40’ Стефан Станојковиќ 19’ Валентино Трајковски 1’ 7’ Иван Илиевски 9’
Одличен старт за екипата на ВДЛ Ван Хоол кои уште во 8та секунда од натпреварот успеаа да реализираат за брзо водство со погодокот на Трајковски. По ова рано водство екипата на ЕВН ги консолидира своите редови ја зацврсти играта во одбраната и со брза транзиција се закануваше на спротивната страна. Сепак Ван Хоол одлично ја искористи отворената игра на противникот и со два одлични погодоци успеа да ја зголеми предноста на 0-3. Евн во своите редови внесе голман играч тактика која вроди со плод па успеаа да ја намалат резултаската разлика на 2-3. До крајот на полувремето екипата на ВДЛ Ван Хоол успеа да ја сочува и зголеми предноста па на паузата замина со резултат од 2-5. Во второто полувреме екипите продолжија со одлична игра екипата на ЕВН со агресивна игра успеа да ја стопи резултатската предност на ВДЛ Ван Хоол и да ја направи завршницата вистинска драма. Во последната минута од натпреварот екипата на ЕВн дојде до само еден гол негатива но Ван Хоол не дозволи изненадување па на крајот од овој натпревар славеше со 5-6.