Вип не му дозволи на Маркарт да направи изненадување

Вип 6-4(4-1) Маркарт

Вип: Мартин Ангеловски 13′ 34′ Бобан Несторовски 15′ Никола Спасевски 2′ 10′ Васко Дојчиновски 29′
Маркарт: Пеце Стојанов 11′ 40′ Димче Шојлев 39′ Маријан Трајковски 33′

Одличен почеток на екипата на Вип во дуелот со Маркарт, рано водство во 2та минута со одличниот погодок на Спасовски. Екипата на Маркарт успеа да створи неколку одлични шанси за погодок но имаше слаба реализација по што следуваше казна и водство на Вип од 2-0. Кон средината на полувремето екипата на Маркарт преку Стојанов успеа да постигне погодок и да фати резултатски приклучок. До крајот на полувремето екипата на Вип имаше целосна контрола врз играта па на полувремето замина со предност од 4-1. Во второто полувреме екипата на Маркарт со чести ротации на играчи се обидуваше да го намали високото водство од полувремето во што и делумно успеа но сепак немаше доволно сили за нешто повеќе против денес расположениот Вип. На крајот екипата на Вип го доби натпреварот со резултат од 6-4.