Во атомска завршница Фабрика Карпош – ГИМ и УНИКА одиграа реми

Фабрика Карпош – ГИМ 8-8(3-3) УНИКА

Фабрика Карпош – ГИМ: Филип Илиевски 2’ 10’ 23’ 28’ 33’ Георги Божиков 13’ 29’ Оливер Бошковски 23’
УНИКА: Арбен Нухиу 6’ 13’ 14’ 24’34’ Аднан Лимани 22’ Беким Љута 26’ 31’

Одличен почеток на екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во дуелот со УНИКА, тие уште на самиот почеток со погодокот на Илевски во 2та минута го отворија резултатот и поведоа со 1-0. По ова рано водство екипата на УНИКА успеа да искористи грешка во одбраната на Фабрика Карпош – ГИМ и во 6та минута преку Нухиу успеа да израмни на 1-1. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ ги консолидира своите редови го издржа притисокот од УНИКА и преки Божиков и Илиевски успеа да дојде до повторна предност од 3-1. До крајот на полувремето екипата на УНИКА играше офанзивна игра користејќи го својот голман како голман играч за да створи вишок во нападот тактика која се покажа како ефикасна па дојдоа до израмнување на резултатот на 3-3. Во второто полувреме се продолжи со одличен фудбал во високо темпо на игра, двете екипи го оставија срцето на теренот. Екипите се менуваа во водството но ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои. Кај екипата на Фабрика Карпош – ГИМ Илиевски имаше своја вечер и одлична реализација, а кај УНИКА таа улога ја имаше Нухиу. Двете екипи израмнети влегоа во цврста завршница каде ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па на крајот од овој натпревар со резултат од 8-8 ги поделија бодовите.