Во банкарското дерби Халк Банка славеше над Шпаркасе Банка

Халк Банка 4-0(2-0) Шпаркасе Банка

Халк Банка: Мартин Дамевски 4’ 31’ Игор Стојановски 1’ Дејан Петковски 35’

Екипата на Шпаркасе Банка во дуелот со Халк Банка уште на самиот старт настапи со голман играч како би можела да стекне играч плус во делот на нападот, но Халк Банка ова го искористи па грешките во одбраната на Шпаркасе Банка успеа да ги претвори во гол. На средината на полувремето екипата на Халк Банка со погодоците на Стојановски и Дамевски успеа да дојде до предност од 2-0. Во продолжение и двете екипи имаа целосен акцент во играта на одбраната не дозволувајќи отворени шутеви кон голот. Во второто полувреме екипата на Халк Банка со чести измени наметна висок ритам на игра како би можела да ја искористи кратката клупа на Шпаркасе Банка која со недостаток на играч во ротација не можеше да го прати овој ритам. Халк Банка преку контролиран напад дојде до отворени шанси за гол кои успеа да ги реализира преку Дамевски и Петковски за победа во овој натпревар со 4-0.