Во возбудлив натпревар А1 дојде до победа над МРТ

МРТ 3-5(1-2) А1

МРТ: Денис Салкович 15”, Дејан Крајчески 23”, Александар Атанасов 26”
А1: Дамјан Бачовски 11” 37”, Марко Недески 18”, Стефан Петровски 32”, Фати Јахи 40”

Екипте на МРТ и А1 со максимално сериозен пристап влеогоа во овој наптревар. Уште од првата минута се играше агресивно со одлилно организирани напади и на двете страни. Прва до водство дојде екипата на А1 која преку контра напад успеа да дојде до предност од 1-0 Акцијата беше во реализација на Бачовски 11”. Екипата на МРТ по неколку минути од идентичен контра напад преку Салкович 15” го израмни резултатот на 1-1. Во 18” преку добро изградена акција екипата на А1 преку Недески дојде до водство од 1-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија да играат егал натпревар. Се играше гол за гол и на двете страни. Ни една од екипите не дозволуваше противникот резултатски да се одвои. Во самиот финиш екипата на А1 дојде до предност од 3-4. Во тие моменти МРТ се обиде со голман-играч да наметне притисок во предно поле и да дојде до израмнување, но во самиот финиш Јахи 40” искористи миг кога голот на МРТ остана празен и со гол ја запечати победата на А1. Конечен резултат 3-5.