
Корпа 3-3(1-1) Аџибадем Систина
Корпа: Кристијан Велковски 17”, Никола Спасовски 21”, Никола Петковски 36”
Аџибадем Систина: Златко Бошковски 14”, Игор Ѓорѓиевски 33” 34”
Екипите на Корпа и Аџибадем Систина одиграа возбудлив натпревар со многу пресврти. Во текот на целото прво полувреме целиот акцент и на двете страни бесхе ставен на играта во одбраната. И двете екипи беа фокусирани да го затворат приодот кон противничкиот гол. Ова им појде од рака, не дозволуваа лесни продири кон голот, па одтука и израмнетиот резултат на полувремето од 1-1.
Во второто полувреме се продолжи во ист ритам. Екипите играа крајни израмнет фудбал, победникот на овој натпревар не се знаеше се до самиот финиш кога и двете екипи успеаа да го задржат израмнетиот резултат од 3-3 по што овој натпревар заврши реми.