Лукоил 6-6(3-5) Халк Банка
Лукоил: Петар Лефков 1” 25”, Димче Андов 4”, Андреј Симоновски 5”, Димитар Иванов 34”, Горан Стојанов 40”
Халк Банка: Мартин Дамевски 3”, Апостол Ангелковски 6” 11”, Алпер Тахир 10” 26”, Влатко Блажевски 12”,
Со гол преку Лефков во почетните секунди од натпреварот екипата на Лукоил одлично го започна меѓусебниот дуел со екипата на Халк Банка, која пак остана присебна, и со контролиран контра напад за неполни три минути стигна до израмнување од 1-1 со гол во реализација на Дамевски 3”. И двете екипи, максимално сконцентрирани и посветени, играа беспрекорен фудбал по должина на целиот терен, како во делот на одбраната така и во предно поле, па до средината на првото полувреме резултатот беше израмнет на, 3-3. Во тие моменти екипата на Халк Банка наметна притисок во предно поле кој дуото Ангелковски – Блажевски вешто го искористија и со два гола во низа до 12” и донесоа водство на Халк Банка од 3-5, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Лукоил започна со висок пресинг, тактика која вроди со полод по само 5 минути игра, кога Лефков со гол ја донесе Лукоил на само гол негатива при резултат 4-5. Екипата на Халк Банка продолжи со контролирана игра да пробива кон голот на Лукоил, и по една минута игра, со гол во реализација на Тахир 26” повторни стигна до водство од два гола при резултат 4-6. Се играше со израмнети сили се до 34” кога Лукоил преку контра напад и гол во реализација на Иванов дојде до само еден гол негатива, со што овој натпревар влезе во неизвесна завршница. Во завршните секунди од натпреварот Јованов кај Лукоил постигна гол за израмнување на резултатот 6-6, па на крајот екипите ги поделија бодовиде во овој дерби дуел.