Во дерби натпревар Аџибадем Систина славеше над DHL

Аџибадем Систина 7-4(3-2) DHL

Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 5’ 27’ 35’ Ивица Петровски 39’ Диме Стевковски 6’ Мирослав Неделковски 40’ Александар Јаневски 16’
DHL: Мартин Каровски 7’ 26’ Бранислав Кралевски 8’ 36’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Аџибадем Систина и DHL двете екипи во овој дерби натпревар влегоа со отворена игра. Ваквата отворена игра резултираше со два рани погодоци на Аџибадем Систина преку Димковски 5та минута и Стевковски во 6та минута, но екипата на DHL брзо возврати и преку Каровски и Кралевски успеаа да дојдат до израмнување во 8та минута. До крајот на полувремето екипа на Систина имаше подобра реализиција и со погодокот на Јаневски успеа да створи гол предност со кој замина на паузата 3-2. Во второто полувреме двете екипи продолжија со израмнет фудбал екипата на DHL успеа да израмни на 3-3 во 26та преку вториот гол на Каровски. Во остатокот од полувремето екипата на Аџибадем Систина имаше одлична серија на погодоци и успеа да створи солидна предност, екипата на DHL имаше шанси да се врати во натпреварот но по проверка на ВАР судиите одлучија да го поништат постигнатиот гол. Во финишот од натпреварот Ивица Петровски стави точка на “и” со што се осигура победа за екипата на Аџибадем Систина која славеше со 7-4.