ВДЛ Ван Хоол 3-1(0-0) Кромберг & Шуберт
ВДЛ Ван Хоол: Валентино Трајковски 23’ 28’ Димче Андов 36’
Кромберг & Шуберт: Александар Крстевски 24’
Второто коло од супер лигата го отворија екипите ВДЛ Ван Хоол и Кромберг & Шуберт, двете екипи одлично го започнаа овој натпревар со цврста игра и одлична одбрама. Екипите често успеаваа да дојдат до изгледни шанси за погодок но голманите денеска беа на ниво на задачата и не дозволија лесни погодоци. Како одминуваше времето темпото на игра се зголемуваше и се чекаше на грешка на противникот за да се отвори резултатот. Со ваквата израмнета игра ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па на паузата се замина со резултат од 0-0. Во второто полувреме екипите имаа фуриозен старт, со брзи контра напади и офанзивна игра често се закануваа кон голот напротивникот. Екипата на ВДЛ Ван Хоол во 23та минута со погодок на Трајковски успеа да поведе со 1-0, екипата на Кромберг & Шуберт успеа брзо да возврати со погодокот на Крстевски и да ја врати неизвесноста во натпреварот. Во вака цврст натпревар екипата на ВДЛ Ван Хоол имаше подобра реализација па со погодоците на Трајковски и Андов успеа да стекне предност од 3-1. Екипата на Кромберг & Шуберт вршеше силен притисок кон голот на противникот но ВДЛ Ван Хоол со одлична игра во одбраната ја сочува резултатската предност и славеше во овој дуел со резултат од 3-1.