Во дерби натпревар екипите на ЈСП и Халк Банка ги поделија бодовите

ЈСП 3-3(2-3) Халк Банка

ЈСП: Љупчо Пвловиќ 8”, Васко Мирчевски 9” 21”
Халк Банка: Мартин Дамевски 3”, Дејан Петкоски 13”, Дарко Крстевски 20”

Крајно неизвесно прво полувреме одиграа екипите на ЈСП и Халк Банка. Прва до водство дојде екипата на Халк Банка во раната фаза од натпреварот 3” преку Мартин Дамевски кој со маестрален гол успеа да му донесе предност на својот тим од 1-0. Екипата на ЈСПпреку одлилчно одработен контра-напад во реализација на Павловиќ успеа да го израмни резултатот. Во понатамошниот дел од натпреварот екипата на ЈСП преку Мирчевски поведе на 2-1. Во тие моменти дуото Петкоски-Крстевски кај Халк Банка имаа одлична реализација во делот на нападот и изборија предност од 2-3, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи играа одчично во одбраната. Успешно ги затвораа приодите кон противничкиот гол. Екипата на ЈСП преку Мирчевски успеа да го израмни резултатот на 3-3. Во останатиот дел од второто полувреме ниту една од екипите не успеа да постигне гол, па натпреварот заврши со конечен резултат од 3-3.