Во дерби натпревар ЕЛЕМ го совлада ТАВ

ЕЛЕМ 6-4(2-2) ТАВ

ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 28’ Душан Спасеноски 15’ 34’ Тихомир Груевски 20’ Владе Јанакиевски 35’ Шкиприм Руфати 40’
ТАВ: Алексо Новески 6’ 20’ 27’ Јованче Видински 39’

Интересно прво полувреме прикажаа екипите на ЕЛЕМ и ТАВ, екипата на ТАВ во 6та минута прва го отвори резултатот со погодокот на Новески. По ова водство на ТАВ екипата на ЕЛЕМ почна да врши силен притисок во предно поле и користејќи го својот голман како голман играч често доаѓаше до изглени шанси. Во 15та минута од полувремето екипата на ЕЛЕМ успеа да дојде до израмнување на резултатот со погодокот на Спасеноски, а во самата завршница успеа да дојде и до целосен резултатски пресврт и предност од 2-1. Екипата на ТАВ во последните секунди од полувремето преку Новески успеа да дојде до повторно израмнување на 2-2 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме се продолжи со израмнета игра двете екипи имаа одлични погодоци па до 28та минута со по еден погодок на двете страни резултатот изнесуваше 3-3. Екипата на ЕЛЕМ во 34та минута успеа да дојде до повторно водство од 4-3 што ја примора екипата на ТАВ во завршницата од овој натпревар да притисне во предно поле. Ваквата отворена игра на ТАВ ја искористи противникот за зголемување на водството на 5-3. Екипата на ТАВ не успеа да се врати во натпреварот па ЕЛЕМ славеше на крајот од овој дуел со резултат од 6-4.