Во дерби натпревар ЕЛЕМ и Ван Хоол ги поделија бодовите

ЕЛЕМ 4-4(2-3) Ван Хоол

ЕЛЕМ: Душан Спасеновски 3” 19” 26”, Шкиприм Руфати 30”
Ван Хоол: Иван Вукановски 1”, Даниел Стаменковски 13” 28”, Стефан Станојковиќ 14”,

Одличен старт на натпреварот имаа и двете екипи во дуелот помеѓу ЕЛЕМ и Ван Хоол. И двете екипи настапија мошне мотивирано уште од самиот старт, прикажувајќи фудбал со бројни проигрувања. Прва до погодок стигна елипата на Ван Хоол уште во првата минута од натпреварот преку Вукановски со што многу рано го превзеде водството во овој Дуел. Елем од другата страна не дозволи да подпадне под налетот на Ван Хоол, па за две минути, во брз контра напад крунисан со гол во реализација на Спасеновски 3” израмни на 1-1. Дуелот влезе во егал фаза, се до 13” кога кај Ван Хоол проработе дуото Стаменковски – Станојковиќ кои со два погодоци во низа, до 14” минута го зголемија водството на Ван Хоол на 1-3. Во завршните моменти од првото полувреме, ЕЛЕМ изгради одличен контра напад преку кој со втор гол во реализација на Спасеновски 19” дојде до само гол негатива на полувремето, резултат 2-3.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам. Во 26” Спасеновски кај ЕЛЕМ со гол за хет-трик го израмни резултатот на 3-3. Зе неполни две минути Ван Хоол возврати преку Стаменковски за повторно водство на Ван Холл од 3-4. Во средината на второто полувреме кај ЕЛЕМ проработи Руфаи кој со со одлична реализација повторно го израмни резултатот на 4-4. Во тие моменти натпреварот вистински се разгоре. И двете екипи заиграа многу но мотивирано во предно поле, но истовремено и ја зацврстија играта во задните редови. Во ваквата игра силите останаа израмнети, па на крајот ЕЛЕМ и Ван Хоол си ги поделија бодовите, резултат 4-4.