Во дерби натпревар Макпетрол поуспешни од Стопанска Банка

Макпетрол 5-3(1-1) Стопанска Банка

Макпетрол: Виктор Доневски 2’ 32’ Боце Ефремов 33’ Наум Тауловски 28’ Давид Митровски 34’
Стопанска Банка: Кристијан Апостоловски 30’ Кристијан Богдановски 20’ 22’

Екипата на Макпетрол во дуелот со Стопнска Банка влезе со цврста и офанзивна игра што им донесе предност уште во раната фаза од полувремето, преку Доневски во 2та минута успеаа да поведат со 1-0. По оваа негатива екипата на Стопнска Банка започна со нешто поофанзивна игра и често се закануваше кон голот на противникот. Во самата завршница од полувремето екипата на Стопанска Банка успеа да го израмни разултатот и на полувремето се замина со израмнет резултат од 1-1. Во второто полувреме екипата на Стопанска Банка продолжи со силен притисок и преку вториот погодок на Богдановски успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и поведе со 1-2. Во второт полувреме се играше гол за гол, екипата на Стопнска Банка не успеа да ја задржи предноста па Макпетрол повторно дојде до израмнување а потоа и повторно водство. Кај екипата на Стопнска Банка кратката клупа беше клучен фактор во овој дуел, немањето играч плус во ротација се одрази на завршницата на овој дуел. Екипата на Макпетрол на крајот од натпреварот ја сочува предноста и славеше со 5-3.