
Макпетрол 6-4(2-24) УНИКА
Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 20’ 40’ Горан Новаковски 13’ Никола Секуловски 23’ 33’ 35’
УНИКА: Арбен Нухиу 20’ Аднан Лумани 24’ Беким Љута 7’ Рони Адеми 32’
Седмото коло од Бизнис Лигата го отворија екипите на Макпетрол и УНИКА, двете екипи во овој натпревар од врвот на табелата влегоа силно мотивирани, екипите настапија со брза и офанзивна игра и шансата за погодок ја чекаа не грешка на противникот. Екипата на УНИКА прва го отвори резултатот со погодокот на Љута во 7та минута од полувремето и успеа да поведе со 0-1. По оваа негатива екипата на Макпетрол притисна во предно поле, но екипата на УНИКА одлично ја постави играта во одбраната и не дозволуваше лесен погодок. Екипата на Макпетрол во 13та минута од полувремето успеа преку Новаковски да дојде до израмнување на 1-1 и да ја врати неизвесноста во натпреварот. До крајот на полувремето двете екипи успеаа да постигнат уште по еден погодок и со резултат од 2-2 заминаа на паузата. Во второто полувреме екипите продолжија со цврста и израмнета игра, иако двете екипи имаа одлични погодоци ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои. Во завршницата од натпреварот екипите влегоа со израмнет резултат од 4-4. Екипата на Макпетрол во завршницата од овој дуел во игра внесе голман играч што се покажа како правилна одлука па со два погодоци во самата завршница успеа да дојде до поволен резултат од 6-4 со кој го доби овој дуел.