
Нетцетера 2-2(0-0) Алкалоид
Нетцетера: Кирил Костов 36”, Теодор Димитровски 40”
Алкалоид: Синиша Петровски 33” 40”
Дуелот помеѓу екипите на Нетцетера и Алкалоид започна во духот на ферплејот. И двете екипи настапија максимално сконцентрирани, играјќи контролиран и чист фудбал типичен за искусни екипи, без судиски прекини. И двете екипи се обидуваа да го задржат поседот над топката како би дошле до отворена шанска да го загрозат противничкиот гол, но и на двете страни одбраната беше на ниво на задачата до тој степен да во текот на целото прво полувреме се играше егал фудбал, па на полувремето и двете екипи заминаа со без постигнат гол.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија во идентичен ритам, играјќи контролиран фудбал, не дозволувајќи лесни пробивања во задниот ред па во таквата игра мрежичите мируваа цела прва половина од второто полувреме. По цели 33 минути игра екипата на Алкалоид усепа прва да стигна до гол преку Петровски со што го превзема водството во овој дуел. Во тие моменти Нетцетера направи тактичка промена во својата игра го продолжи натпревар со голман-играч. Ова вроди со плод по неполни 3 минути игра кога Петровски 36” кај Нетцетера постигна гол за израмнување на 1-1. Во последната минута од натпреварот бевме сведоци на една вистинска инфаркт завршница. Нетцетера преку Димитровски на неполна минута до крајот на натрпеварот постигна гол за водство од 2-1, но Нетцетера прослави прерано, па Петровски кај Алкалоид за неполни 20 секунди израмни на 2-2, конечен резултат во овој дерби натпревар кој вистински ја отслика играта на терен.