
Тиквеш 2-4(1-2) Окта
Тиквеш: Деко Марков 2” 39”
Окта: Иван Димитриевски 1” 9”, Александар Јофчевски 31”, Бојан Станковиќ 40”
Екипата на Окра во раната фаза од натпреварот, буквално во првата минута преку голман-играч Иван Димитриевски 1” успеа да стигне до водство од 1-0. Екипата на Тиквеш по одлично изработена акција во реализација на Деко Марков 2” успеа да го израмни резултатот на 1-1 по не целела минута игра. Во понатамошниот дел од полувремето и двете екипи играа егал иако на двете страни се играше отворен фудбал со многу шанси за гол, мрежичките мируваа. Екипата на Окта во средината на полувремето успеа преку истиот голман-играч Димитриевски 9” да дојде до водство од 1-2, резултат со кој се замина на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Тиквеш се обиде со голман-играч да ја изненади Окта, но Окта преку Јофчевски во 31” успеа да поведе со 1-3. Во самиот финиш екипата на Тиквеш повторно во реализација на Деко Марков 39” намали на 2-3, но Окта имаше среќа во самиот финиш и со гол во 40” во реализација на Станковиќ успеа да го добие овој натпревар со резултат 2-4.