Ван Хоол 2-4(1-2) УНИКА
Ван Хоол: Валентино Трајковски 12”, Дарко Стојановски 24”
УНИКА: Ербин Даци 10”, Рони Адеми 17” 22”, Арбен Нухиу 38”
Во динамечен ритам започна дуелот помеѓу екипите на Ван Хоол и УНИКА. И двете екипи го започнаа овој натпревар максимално мотивирано и фокусирано, играјќи отворен и цврст фудбал по целиот терен. И двете екипи се обидуваа преку брзи и добро изградени акции да го загрозат голот на противникот, но одбраната беше сконцентрирана и одлучна и на двете страни па така во првата половина од првото полувреме бевме сведоци на егал фудбал. Во ваквата игра прва до гол дојде екипата на УНИКА преку Даци 10”. И двете екипи продолжија во ист ритам и за неполни две минути игра екипата на Ван Хоол преку индивидуален потег и гол во реализација на Трајковски израмни на 1-1. Се играше егал фудбал се до 17” кога Адеми кај УНИКА искористи грешка во одбраната на Ван Хоол и со гол му донесе предност на својот тим од 1-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во втората поливина и двете екипи продолжија со истата динамика на игра, максимално мотивирани да го добијат овој натпревар. Со ваквиот пристап, во раната фаза од второто полувреме екипата на УНИКА го зголеми водството на 1-3 со го во реализација на Адеми 22”. Но екипата на Ван Хоол потпирајќи се на своето искуство ја консолидира својата игра и за неполни две минути со гол во реализација на Стојановски 24” повторно резутлатски се врати во овој натпревар при резултат 2-3. Во тие моменти натпреварот влезе во егал фаза во која ниту една од екипите не успеада ги искористи бројните создадени шанси за гол. Во завршните минути од овој натрпевар екипата на УНИКА искористи брз контра напад и со гол во реализација на Нухиу 38” дојде до водство од 2-4, успешно се одбрани од нападите Ван Хоол во последните две минути, ја задржа предноста и на крајот славеше победа.