
Леар 2-4(0-0) Фабрика Карпош – ГИМ
Леар: Борче Јовановски 25”, Благојче Симјаноски 26”,
Фабрика Карпош – ГИМ: Филип Илиевски 23”, Тони Котев 28”, Лазар Божиновски 34” 40”
Исклучително неизвесно прво полувреме одиграа екипите на Леар и Фабрика Карпош – ГИМ. Во текот на целото прво полувреме и на двете страни акцентот беше целосно стевен во делот на одбраната. И двете страни играа цврто во одбраната не дозволувајќи отворени шутеви кон противничкиот гол. Во средината на првото полувреме екипите дојдоа до неколку отворени шанси за гол но голманите беа на ниво на задачата па не дозволија изненадуванје. Во ваквата поставеност и двете екипи отидоа на полувремето со израмнет резултат од 0-0.
Во второто полувремер и двете екипи играа крајно израмнет фудбал најизменично менувајќи се во водството. Прва до водство дојде екипата на Фабрика Карпош – ГИМ преку Илиевски 23”. Екипата на Леар успеа да возврати во 35” преку Јовановски по што следеше уште еден гол во низа во рализација на Симјановски 26” за целосен пресврт од 2-1. Во тие моменти екипата на Фабрика Карпош – ГИМ беше присебна, ја заигра својата препознатлива игра и не само што успеа да го израмни резултатот туку и направи и целосен пресврт од 2-4. Стрелци на головите беа Котев 28” и Божиновски 34” и 40”. Екипата на Леар немаше доволнои сили да се врати во натпреварот па Фабрика Карпош – ГИМ на крајот славеше со резултат 2-4.