Во дерби натпревар Халк Банка и ЕВН ги поделија бодовите

Халк Банка 2-2(0-2) ЕВН

Халк Банка: Самир Вели 36’ 38’
ЕВН: Дарко Стоилевски 8’ Никола Атанасов 18’

Екипите на Халк Банка и ЕВН силно влегоа во овој дерби натпревар, двете екипи со брз и отворен фудбал го започнаа полувремето. Екипите со цврста игра и брзи нападти константно се закануваа кон противничките голмани, кои одлично ги чуваа своите мрежи. Екипата на ЕВН кон средината на полувремето прва го отвори резултатот со погодокот на Дарко Стоилевски во 8та минута, ова ја натера екипата на Халк Банка да заигра уште поотворено и да атакува на израмнување. Екипата на ЕВН успеа да ги одбие сите напади на Халк Банка а преку брз контра напад на својот голман Атанасов успеа да го зголеми водството на 0-2 во 18та минута од полувремето предност со која замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи во високо темпо на игра, екипата на Халк Банка продолжи со силен притисок кон голот на ЕВН но овие одлично ја поставија својата игра во одбраната и не дозволуваа изненадување. Мора да напоменеме дека кај ЕВН денеска блесна и голманот Атанасов кој за својата екипа спаси неколку сигурни погодоци. Во втората половина на полувремето екипата на Халк Банка во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот што донесе резултат во 36та и 38та минута од полувремето па преку Вели дојдоа на нерешен резултат од 2-2 што ја направи завршницата вистинска драма. Во ваквата драматична завршница ниту една од екипите не успеа да го изненади противникот па на крајот екипите ги поделија бодовите при резултат од 2-2.