Во дерби натпревар ЈСП и Сава Осигурување ги поделија бодовите

ЈСП 5-5(3-4) Сава Осигурување

ЈСП: Велко Серафимовски 9’ Филип Колеќески 9’ 21’ Филип Димовски 35’ Дарко Петров 18’
Сава Осигурување: Никола Крстевски 30’ Коста Глигуровски 15’ Јане Петровски 19’ 19’ Бобан Мицевски 11’

Екипата на ЈСП во натпреварот влезе мошне мотивирано знаејќи со победа на овој натпревар ќе одржи чекор со водечникте. Екипата на Сава Осигурување настапи во полн состав што уште на самиот старт наговести дерби натпревар. Прва до водство дојде екипата на ЈСП преку Серафимовски на кој по нецела минута му се придружи Колеќески за водство од 2-0. Но екипата на Сава Осигурување со смирен и целосно контролиран напад успеа најпрво преку Мицевски да го намали водството за да во 15та минута преку Глигуровски изедначи на 2-2. Во ваквата игра ЈСП успеа преку Петров да поведе со 3-2, но во самиот финиш Сава Осигурвање во своите редови го имаше расположениот Јане Петровски кој со два гола во низа ја однесе Сава Осигурвање на полувремето со водство од 3-4. Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам и на двете страни беше евидентна зголемената борбеност и цврстата игра во одбраната. Во ваков затворен фубал и двете екипи не успеаа резултатски да се довојат за на крајот во израмнет натпревар да ги поделат бодовите при резултат од 5-5.