Кромберг и Шуберт 2-3(1-2) Окта
Кромберг и Шуберт: Салим Сулејмани 17”, Милан Тодоровски 21”
Окта: Владислав Илиќ 8”, Иван Мицевски 17” 22”
Со брз и отворен фудбал започна натпреварот помеѓу екипите на Кромберг и Шуберт и Окта. И двете екипи настапија максимално мотивирани уште од првата минута, играјќи цвсто во делот на одбраната, проследено со брзи и контролирани контра напади. Во ваквата игра прва до гол дојде екипата на Окта во 8” преку Илиќ кој постигна гол за водство на својата екипа од 0-1. Во продолжение Окта го задржа брзото темпо на игра и во 17” преку Мицевски го зголеми водството на 0-2. Во тие моменти Екипата на Кромберг и Шуберт се обиде со акцент на играта во нападот да го загрози голот на Окта, и за неполна минута тоа им појде од рака преку Сулејмани 17” кој со гол за 1-2 ја врати Кромберг и Шуберт во игра, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Кромберг и Шуберт влезе максимално сконцентрирана играјќи висок пресинг од првата минута, со што успешно создаваше отворени шанси за гол, па така во 21” преку гол во реализација на Тодоровски дојде до израмнување од 2-2. Но Окта не губеше време и во првиот контра напад крунисан со гол во реализација на Мицевски 22” дојде до повторно водство од 2-3. До крајот на второто полувреме се играше егал фудбал во кој и двете екипи преку контролирани напади се обидуваа да дојдат до отворена шанса за гол но одбраната и на двете страни беше сконцентрирана и во таквата игра не дојда до промена на резултатот, па на крајот Окта славеше победа во овој дуел со резултат 2-3.