
Атлантик Груп 4-2(2-0) Кромберг & Шуберт
Атлантик Груп: Благојче Стојановски 8” 35”, Љупчо Пафковиќ 19”, Благојче Јовчевски 24”
Кромберг & Шуберт: Александар Крстевски 30”, Драган Котевски 37”
Екипата на Атлантик Груп во дуелот со Кромберг & Шуберт влезе мошне мотивирано и со одлична поставеност на играта во нападот, се до средината на првото полувреме и двете екипи играа одличен фудбал. На двете страни се играше цврста одбрана. Екипите успешно го затвараа приодот кон голот со што не дозволуваа да се дојде до отворени шанси за гол. Екипата на Атлантик Груп преку контра напад и гол во реализација на Тојановски 8” успеа да дојде до предност од 1-0. На Стојановски му се приклучи Пафковиќ со погодок во самиот финиш од полувремето за водство од 2-0.
Во второто полувремето екипата на Кромберг & Шуберт со голман-играч се обиде да се врати во натпреварот. Ова им појде од рака со што успеаа да ја намалат предноста коај Атлантик Груп ја стекна во првото полувреме, но екипата на Атлантик Груп успеа да ги консолидира своите редови и да не дозволи целосен пресврт. Во самиот финип Атлантик Груп остана со играч помалку но Кромберг & Шуберт не успеа да реализира па го загуби овој натпревар со 4-2.