Во драматична завршница екипата на ЕЛЕМ успеа да слави над Окта

Окта 5-6(2-3) ЕЛЕМ

Окта: Александар Јовчевски 22’ Иван Мицевски 13’ 16’ 33’ 36’
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 26’ Душан Спасеновски 29’ 36’ Владе Јанакиевски 18’ Шкиприм Руфати 3’ Александар Николовски 8’

Четвртото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Окта и ЕЛЕМ, екипата на ЕЛЕМ имаше одличен почеток со погодкот на Руфати во 3та минута а до 8та минута успеаа да дојдат до предност од 0-2. Екипата на Окта ги консолидира своите редови и до 16та минута од полувремето успеа преку два погодоци на Мицевски да дојде до израмнување на 2-2. До крајот на полувремето екипата на ЕЛЕМ успеа преку Јанакиевски да дојде до повторна предност и на паузата да замине со предност од 2-3. Во второто полувреме екипата на Окта продолжи со одлична игра и успеа да израмни на 3-3, но ЕЛЕМ не дозволуваше лесен пресврт па успеа да ја одржи предноста од еден гол. Екипите беа израмнети на теренот што ја направи завршницата на натпреварот вистинска драма. Во ваквата динамична и драматична завршница екипата на ЕЛЕМ успеа да ја одржи предноста и на крајот од овој дуел да слави со резултат од 5-6.