Во драматична завршница ТАВ славеше над Аџибадем Систина

ТАВ 6-5(3-1) Аџибадем Систина

ТАВ: Сабри Лесковица 19’ Мирослав Петровски 5’ 33’ 40’ Јованче Видински 36’ Ивица Продановски 9’
Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 37’ Кристијан Димковски 18’ 22’ 23’ 39’

Динамично прво полувреме ни прикажаа екипите на ТАВ и Аџибадем Систина, двете екипи влегоа во овој дуел силно мотивирани. Екипата на ТАВ прва го отвори резултатот со погодокот на Петровски во 5та минута, на него му се приклучи и Продановски во 9та минута за водство од 2-0. Екипата на Аџибадем Систина имаше одлични шанси за да дојде до намалување на резултатската негатива но слаба завршница. Екипата на Систина успеа да раелизира во 17та минута и да ја намали разликата на 2-1, но ТАВ до паузата успеа повторно да ја зголеми предноста па на полувремето заминаа со резултат од 3-1. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина ги консолидира своите редови и од минута во минута успеваше да ја малаува резултатската негатива. Во 23та минута успеаа да дојдат до израмнување на резултатот на 3-3 што ја врати неизвесноста во овој дуел. Екипата на ТАВ со удар од далечина успеа повторно да го врати резултатот на своја страна, екипата на Систина денеска беше со скратена клупа што се одрази и на теренот. Екипата на ТАВ успеа да сочува минимална предност и да слави во овој дуел со резултат од 6-5.