Во дуел исполнет со адреналин Атлантик Груп подобар од ЈСП

ЈСП 4-7(1-6) Атлантик Груп

ЈСП: Гоце Крстевски 20”, Мартин Ливрински 26” 30”, Васко Мирчевски 33”
Атлантик Груп: Сашко Тодоров 5” 10”, Кристијан Филиповски 1” 20”, Љупчо Павковиќ 17” 40”, Горан Огњановски 18”

Екипата на Атлантик Груп дуелот со ЈСП го започна со динамичен игра, ставајќи изразен акцент на играта во нападот. Во ваквата игра Атлантик Груп преку дуото Филиповски-Тодоров до средината на првото полувреме стигна до водство од 0-3. ЈСП возврати со пресинг по целиот терен, но речиси во секоја создадена прилика изостануваше прецизна реализација за подогок. Ова го искористи Атлантик Груп па до крајот на првото полувреме стигна до водство од 0-6. Голманот Крстевски кај ЈСП во завршните секунди од првото полувреме со маестрален шут од далечина постигна гола за резултат на полувремето од 1-6.
Во второто полувреме бевме сведоци на сосема поразлична игра, особено кога станува збор за екипата на ЈСП, која вешто ја консолидира својата игра, особено во делот на нападот, и со децидна и контролирана игра во предно поле, предводена од тројката Крстевски, Ливрински и Мирчевски, до завршницата на второто полувреме успеа да стигне до само два гола негатива при резултат 4-6. Одличната игра во делот на одбраната на ЈСП не му дозволи на Атлантик Груп да постигне ниту еден гол речиси цело второ полувреме, но тоа се промени буквално во последната минута кога Павковиќ кај Атлантик Груп при одлично одземена топка постигна гол за резултат 4-7 и победа на Атлантик Груп во овој дуел.